Придружете ни се на нашите служби

ПЕТОЧНО БОГОСЛУЖЕНИЕ

Петок, со заоѓање на сонцето
Добредојдени сте заеднички да го отпочнеме библискиот саботен ден со зајдисонце во петок навечер. Богослужението опфаќа проучување на Светото Писмо и соодветна духовна литература, во кое секој може слободно да земе учество со свој коментар или прашања поврзани со темата.

САБОТНИ БОГОСЛУЖЕНИЈА

Сабота, 09:00 (утринско) и 19:00 (вечерно)
Придружете ни се на нашите саботни богослуженија каде го прославуваме Бога преку проучување на Светото Писмо, молитва и пеење на духовни химни. Доколку не сте во можност да присуствувате во молитвениот дом, богослуженијата можат да се следат во живо на оваа веб страна или директно на нашиот youtube канал.

МОЛИТВЕН ЧАС

Среда во 19:00
Богослужение посветено на молитва кон Бога за сите наши благодарности и потреби, како и молитви за потребите на нашите ближни. Повелете заеднички да ги отвориме нашите срца во молитва кон Бога!

Библиска поука

Првото и второто послание до Коринтјаните - Автентична христијанска служба (29 август - 4 септември)

Повик кон светост

02 септември

Настани кои следуваат

Стих на денот

Со Христа сум распнат на крстот; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене: а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и се предаде Себеси за мене. (Галатјаните 2,20)

Мисла на денот

Ако сакаш луѓето да им веруваат на твоите зборови, преточи ги во дела.

Стих на денот

Со Христа сум распнат на крстот; и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене: а животот што сега го живеам во телото, го живеам преку верата во Божјиот Син, Кој ме возљуби и се предаде Себеси за мене. (Галатјаните 2,20)

Мисла на денот

Ако сакаш луѓето да им веруваат на твоите зборови, преточи ги во дела.

Блескава религија

2 септември - Со песна, тапан, гусли и псалтир

„Пејте Му радосно на Бога, на нашата сила, пејте Му радосно на Јакововиот Бог! Нека зазвучат жиците, нека се чуе тапанчето, свирете со милозвучен псалтир!“ (Псалм 81,1.2)

Бог се слави со песни на благодарност кои потекнуваат од чистото срце исполнето со љубов и преданост кон Него… Оние што строго...

Видео на денот

Песна на денот

„Копнежот на вековите“ на денот

„Кај мојот отец и кај вашиот отец“ (трет дел)

февруари 4

…Кон музиката на ангелските харфи се придружиле победнички песни така што се чинело дека небото е прелеано со радост и похвала. Љубовта победила. Загубениот е најден. Небото одѕвонува од гласови на возвишени песни што објавуваат: „На Оној, кој седи на престолот, и на Јагнето, благослов, чест, слава и власт за вечни векови“ (Откровение 5,13)…Нашиот Господ се вознел за нас и живее за нас. „Затоа и може да ги спасува за вечни векови оние кои преку него доаѓаат кај Бога, зашто Тој секогаш живее за да ги застапува нив“ (Евреите 7,25)…

„Големата борба“ на денот

Време на голема неволја (деветти дел)

септември 2

…Ангелите често се наоѓаат на собирите на праведниците како луѓе и ги посетуваат собирите на грешниците, како што отишле во Содом за да направат извештај за нивните дела и да утврдат дали ја пречекориле границата на Божјето трпение. Господ ја сака милоста; и заради неколкумина кои навистина му служат, Тој ја отстранува несреќата и му го продолжува мирот на мноштвото. Колку малку знаат оние што грешат против Бога дека за својот живот треба да им заблагодарат на малечкиот број верни што тие често ги исмеваат и угнетуваат!…

Pin It on Pinterest