Придружете ни се на нашите служби

ПЕТОЧНО БОГОСЛУЖЕНИЕ

Петок, со заоѓање на сонцето
Добредојдени сте заеднички да го отпочнеме библискиот саботен ден со зајдисонце во петок навечер. Богослужението опфаќа проучување на Светото Писмо и соодветна духовна литература, во кое секој може слободно да земе учество со свој коментар или прашања поврзани со темата.

САБОТНИ БОГОСЛУЖЕНИЈА

Сабота, 09:00 (утринско) и 18:00 (вечерно)
Придружете ни се на нашите саботни богослуженија каде го прославуваме Бога преку проучување на Светото Писмо, молитва и пеење на духовни химни. Доколку не сте во можност да присуствувате во молитвениот дом, богослуженијата можат да се следат во живо на оваа веб страна или директно на нашиот youtube канал.

МОЛИТВЕН ЧАС

Среда во 18:00
Богослужение посветено на молитва кон Бога за сите наши благодарности и потреби, како и молитви за потребите на нашите ближни. Повелете заеднички да ги отвориме нашите срца во молитва кон Бога!

Библиска поука

Соединување на Небото и Земјата - Прогонет, но не и напуштен (27 декември - 2 јануари)

Црквите во Филипи и Колоси

01 јануари

Настани кои следуваат

Стих на денот

Сè можам преку Христа, Кој ми дава сила.
(Филипјаните 4,13)

Мисла на денот

Ако сакаш луѓето да им веруваат на твоите зборови, преточи ги во дела.

Стих на денот

Сè можам преку Христа, Кој ми дава сила.
(Филипјаните 4,13)

Мисла на денот

Ако сакаш луѓето да им веруваат на твоите зборови, преточи ги во дела.

Блескава религија

1 јануари - Бог нè повикува секогаш да се радуваме

„Радувајте се секогаш!“ (1. Солунјаните 5,16)

Цело небо се труди и сака човекот да биде среќен. Нашиот небесен Отец ниедно свое создание не го лишува од радоста. (Патот кон Христа, стр. 46. оригинал)

Тој се погрижил за тоа сите кои сакаат, да станат свети и блажени. На оваа генерација ѝ е даде...

Видео на денот

Песна на денот

„Копнежот на вековите“ на денот

„Се сврши“ (четврти дел)

јануари 1

…Оние што ја отфрлиле неговата милост, го жнеат тоа што го посеале. Бог е извор на животот и кога човекот ќе избере да му служи на гревот, се одвојува од Бога и на тој начин самиот се лишува од животот. Тој е оддалечен „од Божјиот живот“. Христос вели: „Кој мене ме мрази смртта ја љуби!“ (Ефесците 4,18; Мудри изреки 8,36). Бог за извесно време им дава живот за да можат да го развијат својот карактер и да ги откријат своите начела. Кога ова ќе се доврши, ќе ги примат плодовите на сопствениот избор…

„Големата борба“ на денот

Разурнувањето на Ерусалим (осми дел)

јануари 1

Нечуените свирепости што се случувале при разурнувањето на Ерусалим се доказ за реваншистичката сила на сатаната над оние што го прифаќаат неговото водство.

Не можеме наполно да сфатиме колку му должиме на Христа за мирот и заштитата што ги уживаме. Божјата сила спречува човештвото потполно да падне под сатанска власт. Непослушните и неблагодарните би сториле добро кога би заблагодариле за Божјата милост и трпение што ја задржуваат свирепата и зла сила на сатаната. Но, кога луѓето ќе ја преминат границата на Божјето трпение, тогаш неговата заштита се повлекува. Бог не стои спроти грешникот како извршител на пресудата поради гревот. Тој ги остава тие што ја отфрлиле неговата милост сами да го пожнеат она што го посеале. Секој отфрлен зрачок на светлината, секоја презрена или занемарена опомена, секоја грешна страст што ја не гуваме, со еден збор, секое газење на Божјиот закон, е семе што се сее и што ќе донесе сигурна жетва. Ако човекот му се противставува на Божјиот Дух, Тој најпосле го напушта и тогаш човекот останува без силата со која би можел да ги победи своите грешни страсти и без заштита од злобата и од непријателството на сатаната. Разурнувањето на Ерусалим е свечена опомена за сите што ги потценуваат опомените на Божјата благодат и кои ги отфрлаат молбите на Божјата милост. Никогаш не било дадено порешително сведоштво за Божјата омраза кон гревот и за неминовноста од казна што еден ден ќе ги стигне грешниците.

Pin It on Pinterest